Увид на енергетски карактеристики на административни објекти на Општина Ѓорче Петров

Согласно остварената соработка со Општина Ѓорче Петров и Градоначалникот Александар Наумоски, тимови на ЕУРЕМ МК напарвија увид на енергетски карактеристики на новиот објект на Општина Ѓорче Петров, 24 Јануари 2018 г. и на ОУ Димитар Поп Георгиев Беровски на 31 Јануари и 9 Февруари 2018 г. Се реализираше состанок со директорката Г-ѓа Сашка Новкоска и секретарот на училиштето од кои е побарана проектна документација и сметки за електрична енергија и нафта од изминатите 3 години потребни за организирање на Енергетски Аудит на објектот. Договорено е со поддршка на Фондацијата Swiss Contact претставник на општина Ѓорче Петров , Г-н Иван Марковски да ја проследи обуката ЕУРЕМ и да го подготви проектот за реконструкција на училиштето со менторство на тим на ЕУРЕМ МК.