Deutsch Technische Club вмрежување и B2B состаноци

PREMIUM членките на Комората на Мал Бизнис кои имаат воспоставена деловна релација со компании и организации од Сојузна Република Германија се иницијатори и оснивачи на Германскиот Технички Клуб (ГТК). Се повикуваат компании и организации за вмрежување во Германскиот Технички Клуб (ГТК) и учество во следните настани и обуки:

30 јуни 2020 година
Oнлајн-конференција на тема „Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во индустријата во Македонија” Заинтересираните членки на ГТК ќе добијат линк за регистрирање учество на онлајн-конференцијата која ќе се одржи преку платформата Zoom.

11 јули 2020 година
„Гасни Централи за производство на електрична енергија и топлина„ - онлајн семинар за проекти и инвестиции за когенеративни централи на природен гас (гасификација) и биогас постројки поддржани од Adria Finance HUB, институции и финансиски организации во Македонија и регионот

7-8 Септември 2020 година
Делегација за Интернационален Саем во Солун, Грција - 7-8 Септември 2020 https://tif.helexpo.gr/en
пријавување учество до 31 јули 2020

30 Септември - 2 Октомври 2020 година
Деловна делегација и учество на годишна EUREM конференција, Атина, Грција
X-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери , www.eurem-conference.com
пријавување учество до 30 јуни 2020

ЕУРЕМ ОБУКА Конкурс 2020/21
Конкурс за пријавување учество на ЕУРЕМ обуката - новиот циклус за 2020/21 е даден на линк http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B...

Германско-Грчката Индустриска Стопанска Комора www.griechenland.ahk.de - е партнер на ЕУРЕМ МК во мрежата EUREM Consortium - ко-организатор на Thessaloniki International Fair 2020 https://tif.helexpo.gr/en и организатор на 10th edition of the Internationl EUREM Conference www.eurem-conference.com повикува заинтересирани компании и организации да пријават учество во двете делегации на Германскиот Технички Клуб при Комората на Мал Бизнис.

Во соработка со Enterprise Greece Invest & Trade www.enterprisegreece.gov.gr со заинтересираните компании во делегацијата ќе се работи поединечно за обезбедување контакти со потенцијален Грчки партнер, а согласно структурата на делегацијата ќе се организира и групна посета на организации и институции. Рокот за пријавување е краток со цел подобра подготовка и планирање на најавените деловни активности.

Пријави и повеќе информации на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1...