Italian Stone Experience in Macedonia

Агенцијата ИЧЕ- Оддел за промоција на економската соработка при Амбасадата на Република Италија, во соработка со Confindustria Marmomacchine (Здружението на италијанските производители на опрема за екстракција и обработка на камен) и Секторот за Минерални Суровини при Министерството за Економија на Македонија, на 11 април 2017 година, организира настан "Italian Stone Experience in Macedonia"- презентација на италијанската технологија за екстракција и обработка на камен.

На настанот учествуваа претставници на Комората на Мал Бизнис кои на заинтересираните компании за време на B2B средбите ги претставија можностите за финансирање на набавка на опремата со достапните фондови за поддршка на малите и средни претпријатија.