ЕУРЕМ ОБУКА Конкурс 2024

EUROPEAN ENERGY MANAGER 2024
[decarbonization 2.0]
-----------------------------------------------------------------------------------------------
Декарбонизација 2.0 се однесува на воспоставување нови технички и технолошки решенија во производството за намалување на јаглеродниот отпечаток на компаниите и нивните подружници, вклучувајќи го намалување на јаглеродниот отпечаток од логистиката на производи во транспортниот синџир до крајните корисници, вклучително и паметно управување со згради во производството, магацинските капацитети за складирање и администрација.

EUREM сертифицирани енергетски менаџери имаат квалификации за подготовка на проектни концепти за декарбонизација 2.0.

Со декарбонизација 2.0 се постигнува намалување и управување на јаглеродниот отпечаток на производ/услуга на компанијата и се зголемува конкурентноста на компаниите опфатени со CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism), ESRS (European Sustainability Reporting Standard) и други ЕУ регулативи и дефинирани административни рамки на јаглероден отпечаток над кои се наплаќа надомест за надминување на одредените максимлани лимити.
-----------------------------------------------------------------------------------------------
ПРИЈАВУВАЊЕ до 31 Мај 2024 год.
-----------------------------------------------------------------------------------------------
ЕУРЕМ промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs

EUREM e национална сертификација за Енергетски Менаџери согласно ЕУ директива 2012/27/EU и Закон за Енергетска Ефикасност на РМ

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија
го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken.

http://www.energymanager.eu/

EUREM MK - BEYOND 2020
https://www.youtube.com/watch?v=yF0U7AiZuV8
Заклучоци од конференцијата ENERGY SAVING 2020

-------------------------------------------------------------------------------------------------

EUREM European Energy Manager

Согласно препораките на ЕУ директивата за енергетска ефикасност - Directive 2012/27/EU http://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=celex%3A32012L0027 сертифицираните Енергетските Менаџери се задолжени за енергетски аудит и воспоставување на енергетски менаџмент систем во објектите во експлоатација на државните институции и административни и индустриски објекти на малите и средни претпријатија.

European Energy Manager - EUREM сертифицирани енергетски менаџери се услов и за учество на претпријатијата во меѓународни проекти со компоненти на енергетска ефикасност,обновливи извори на енергија и намалување на јаглероден отпечаток , а се финансирани од фондовите на ЕУ.

Закон за изменување на Закон за Енергетска Ефикасност
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Zakon%20za%20izmenuvanje%20na...

EUREM сертифицираните Енергетските Менаџери можат да вршат и улогата на Енергетски Контролори на големите трговци сопгласно Законот за енергетска ефикасност и да вршат супервизија на заштеда на енергија, намалување на јаглероден отпечаток и функционалност на енергетскиот менаџмент систем со енергетскиот аудит и предлагаат соодветни мерки и одржливи технички проекти. Националните тергети за енергетска ефикасност се однесуваат на проекти во објектите на државните институции и административни и индустриски објекти на претпријатијата за:

- Мерењето на потрошувачката на електрична енергија, природен гас, централно греење/ладење и системи за достава на топла вода

- Информативен систем за потрошувачката на енергијата

- Проекти за енергетска ефикасност за греење. ладење и климатизирање на објектите

- Проекти за енергетска ефикасност во трансформација, пренос и дистрибуција на енергијата, намалување на јаглероден отпечаток вклучувајќи и проекти за производство од обновливи извори на енергија: мали хидроцентрали, соларни панели, когенеративни системи, геотермални топлотни пумпи, пелети (производство) итн.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------

ОБУКА И СЕРТИФИЦИРАЊЕ

EUROPEAN ENERGY MANAGER - Европски сертифицирана програма на Индустриската Комора на Нинберг

Меѓународно Сертифицирана обука за изработка на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за финансиски линии на EBRD, EIB и KFW (проекти во Македонија и WB6 Западен Балкан)

EUREM е стандардизирана европска Energy Manager програма за обука, која се состои од курсеви, самостојно учење и практична работа, во комбинација со пристап до Европската мрежа на алумни за континуирана размена на знаења. EUREM Energy Manager концептот веќе е докажан кај персоналот на компании со значителна потрошувачка на енергија, како и кај енергетските консултанти, на кои им овозможува да планираат и имплементираат економски и еколошки ефикасни енергетски решенија за бизнисите. Во просек, секој Energy Manager развива мерки со заштеда од 750 MWh/a за неговата компанија во текот на програмата. Околу 80% од овие мерки се спроведуваат во текот на програмата, а останатите се реализираат подоцна. Поголемиот дел од проектите во компаниите се исплаќаат во рок од две до три години.

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, издаден на германски јазик за употреба во Сојузна Република Германија и на англиски јазик за интернационална употреба.

ПРИЈАВУВАЊЕ

пријава (.word) - http://sbch.org.mk/sites/default/files/prijava%20obuka%20EUREM.doc

брошура (.pdf) - http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Flaer%20-%20Energy%20Manager.pdf

По пријавувањето, изборот на кандидатите кои ќе учествуваат во групата го врши Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг. Завршниот сертификат за European Energy Manager го издава Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг.

За учество во проектот може да се пријават максимум три претставници од една организација.
Вкупниот број учесници е ограничен на 15 кандидати.

НАСТАВА

Обуката се реализира во десет месеци - два пати месечно по еден-три дена (петок-сабота), во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување.

ПРОГРАМА >> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Programa%20EUREM._0.doc

ТРОШОЦИ И КОТИЗАЦИЈА

Учесниците самостојно ги покриваат трошоците за наставата, која ќе се реализира во Скопје (160 тренинг часа) во вкупна вредност од 92.500,00 денари и завршно тестирање од 6.180,00 денари со можност за плаќање на 10 месечни рати.

Повеќе информации на порталот www.energymanager.eu

-----------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРОМОЦИЈА НА ЕУРЕМ ПРОЕКТИ

PROMO VIDEOS
https://youtu.be/yDwAI97oqxs
https://youtu.be/yF0U7AiZuV8

- X-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери, Атина
https://www.energymanager.eu/en/eurem-training-contents-and-structure/eu...
ПРОГРАМА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА - Energy Saving 2020 >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Energy-Saving-2020_PROGRAMM.pdf
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

КОСМО Иновативен Центар од 2014 г. и Комората на Мал бизнис од 2020 г. ја спроведуваат во Македонија обуката ЕУРЕМ - EUREM European Energy Manager во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нирнберг и Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија.

Стопанска Комора на Мал бизнис
бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
e-mail: info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk