ПОВИК за изработка на апликации за финансирање реконструирање

ПОВИК за изработка на апликации за финансирање дигитализација,реконструирање и реструктуирање 2020 г.

Забелешка:
Повикот не е временски ограничен

-------------------------------------------------------------------------------------

Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка, SGS програмата за SMART специјализација и Adria Finance HUB финансиската платформа на Комората на Мал бизнис за вашето претпријатие можат да изработат бизнис план за реконструирање и/или реструктуирање со подготовка на целосна документација за апликација за финансирање од Развојна Банка на РСМ, Фонд за Иновации и Технолошки Развој, програми за поддршка на Министерство за Економија и финансиски анализи за поддршка на тековните и нови профитабилни активности преку достапни финансиски инструменти и справување со вонредната економска ситуација.

Нашите тимови ја подготвуваат целосната документација за изработка на апликациите во краток рок.

За организациите каде е потребно посложено реструктуирање реализираме Менторски интерни обуки и консалтинг.

ПРИЈАВУВАЊЕ

На повикот може да се пријават претпријатија од сите сектори, мали, средни и големи претпријатија кои се Standard или Premium членки на Комората на Мал Бизнис.

Ве повикуваме со допис на е-маил: info@sbch.org.mk да ни доставите информации за вашите проектни концепти за реконструирање. Повикот не е временски ограничен,

Министерство за Економија - финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост COVID 19 периодот информации на линкот >>>
http://www.economy.gov.mk/docs/oglasi

Фонд за иновации и технолошки развој - ФИТР
информации на линкот >>>
https://fitr.mk/#

Финансиска поддршка која ја нуди Развојна Банка на РСМ на линкот >>>
https://www.mbdp.com.mk/mk/proizvodi

Проектни концепти

Описот на предлог проктниот концепт треба да содржи спецификација или предмер на мерки за реконструкција во претпријатието кои ќе овозможат подобрување на конкурентноста на услугата/производот воедно и намалување на трошоците по единица производ/услуга.

Реконструкциите може да бидат градежни внатрешни (ентериер) или надворешни реконструкции со подобрување на енергетски карактеристики на постоечки објекти, проширување и надградба на деловни објекти за производство/услуги, набавка и имплементирање на нови машини/технологии итн.

--------------------------------------------------------------------------------------

НАРОДНА БАНКА на Република Северна Македонија

Одлука за методологијата за управување со кредитниот ризик
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/18)
http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-odluka_za_upravuvanjie_so_krieditniot_...

Со донесените измени им се дава дополнителен простор на банките и штедилниците да им понудат поповолни договорни услови (репрограмирање) за постојните кредити на кредитокорисници – физички и правни лица. Поповолните услови може да бидат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс-период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл.,

------------------------------------------------------------------------------------

Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка претставува групација во рамките на Комората на Мал Бизнис на членки со приоритетна дејност: фондација, финансирање, финансиски и сметководствен консалтинг и деловен консталтинг, а со основна цел на групацијата - Менторство и поддршка на менаџментот на малите и средни претпријатија во одредување, аплицирање и имплементирање финансиски инструменти за поддршка на реализација на профитабилни проекти.
Повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/programi/%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0...

-----------------------------------------------------------------------------------

Sustainable, Green & Smart (SGS) е програма за SMART специјализацијата, проекти за одржлива и зелена реконструкција во јавниот сектор, локалната самоуправа и деловниот сектор. Повеќе на линк >>> https://www.sbch.org.mk/programi/sustainable-green-smart

Цели на SGS програмата се прилагодување/реструктуриање на претпријатијата за соработка со развиените економии на партнерските земји во НАТО и ЕУ:

- Дигитализација на организациите базирана на транспарентности и следливост на информациите, подготвени за имплементација и на blockchain технологија за дополнителен ниво на безбедност за чувствителни или критични податоци во синџирот на снабдување.

- Зелена економија со зелени инвестиции

- Воспоставување на ЕСКО екосистем

- Одржливи паметни заедници со приоритетна циркуларна економија

- Транзиција на земјите од регионот кон eкономија со ниско ниво на јаглерод

--------------------------------------------------------------------------------

Adria Finance HUB го комбинира менаџментот со ризичен капитал, достапните фондови, ESCO-инвеститори, EU и интернационални донори, државни шеми за субвенционирање, обуки, менторство и консултантство во интегрирана Платформа за трансформирање на знаењето во претприемнички управуван раст и развој. Повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/adria-finance-hub

---------------------------------------------------------------------------------

За организациите каде е потребно посложено реструктуирање реализираме Менторски интерни обуки и консалтинг.

1. Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање (Strategic Thinking & Team Building)
повеќе >> http://www.sbch.org.mk/content/%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%B...

2. Менаџмент анализа на клучни финансиски извештаи (Finance Management)
повеќе >> http://www.sbch.org.mk/content/%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%9F%D0%BC%D0%B...

3. Финансиски Извештаи во Excel (Finance & Controlling)
повеќе >> http://www.sbch.org.mk/content/%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B...

4. Инвестициски Анализи во Excel
повеќе >>
http://www.sbch.org.mk/content/%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B...

5. Анализа на оправданост и буџетирање за Start-up Seed Funding

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk