Инвестирање во одржливи проекти и циркуларна економија

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Македонски Ден за Енергетска Ефикасност 2019

"Инвестирање во одржливи проекти и циркуларна економија" ќе се реализира во EU Info Center - Скопје на 17 Април 2019 г. во организација на Стопанската Комора на Мал Бизнис и Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК, во соработка со Министерство за Економија - сектор за индустриски политики. Целта на настанот е да се претстават проектни концепти во индустриски постројки и општински објекти пред претставници од финансиски организации, комерцијални банки, фондови и други засегнати страни и институции кои го поддржуваат одржливиот развој врз основа на модел на циркуларна економија.

Комората на Мал Бизнис изработува проектна документација со експертиза на Програмата SGS 2019 преку субвенционирана постапка на Министерство за Економија и донаторски шеми. Изработката на проектите и Програмата SGS 2019 се базираат на трите постулати:

1. Моделите за финансирање на одржливи проекти со договарање енергетски заштеди (ESCO, ЈПП, програмски донации) ќе придонесат за брза реализација на проектите согласно законската рамка за буџетско финансирање за јавната администрација и комерцијалните пресметки на приватните деловни субјекти.

2. Циркуларната економија е одговор на сфаќањето дека постојаниот раст на економијата и потрошувачката го намалува обемот на природни ресурси, што води не само кон економски проблеми, туку и до потенцијална еколошка катастрофа. Затоа, од суштинско значење е да се елиминира концептот на отпад, да се обезбеди што е можно подолго период на циркулација на производи во употреба и да се обезбедат колку што е можно чисти и незагадени материјали со можност за повторна употреба.

3. „Енергетски Одржливи Објекти„ се приоритетни проекти за реконструкција во локалната самоуправа, јавна администрација и индустријата. Дополнително со воведување на Smart Lighting платформи целта е воведување во Smart City - „Зелени„ и одржливи градови, општини и објекти независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free).

УЧЕСНИЦИ

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат проектантски услуги и опрема, и коминтентите од деловниот и јавниот сектор и финансиските институции.

Се повикуваат за учество и останати институции, организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за одржлив развој, заштита на животна средина, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на одржлив развој и циркуларна економија.

АГЕНДА на линкот https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Agenda_Investiranje%20vo%20o...

Adria Finance HUB e платформа за поддршка на инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на развојни проекти https://www.sbch.org.mk/novosti/adria-finance-hub

Sustainable, Green & Smart (SGS) е програма за подготовка и реализација на одржливи проекти во деловен, јавен сектор и локална самоуправа, со финанисирање преку ESCO модел, ЈПП и достапни финансиски инструменти на финансиските институции, фондови и банки.
https://www.sbch.org.mk/programi/sustainable-green-smart

Adriatic Business Club од 2017 година во Комората на Мал Бизнис е фокусиран на соработка со компании и организации од земјите на Adriatic регионот (Италија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Грција).
https://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%B0%D1%82%D...

------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на Македонскиот ден за енергетска ефиканост 2019 - се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот ПРИЈАВА. Влезот е слободен за членките на Комората. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077.

КОТИЗАЦИЈА: 1.535,00ден.

  1. Среда, Април 17, 2019

    DRAFT AGENDA:

    1. Active measures for supporting the enterprises and the processing industry according to the Action Plan of the Industrial Strategy of the Republic of North Macedonia 2018-2027

    Strategic goals
    - stimulating the export of the processing industry
    - catalyzing the green industry and green production

    Financing, support and subsidies

    Public-private dialogue

    Moderator: Mr. Blerim Zllatku , Ministry of Economy

    2. Solar Systems – ESCO SUN

    Case Studies presentation - feasible projects for substitution of oil and solid fuels with heat pumps, solar collectors and photovoltaics in buildings heating systems.

    3. Adriatic Finance HUB - a platform for supporting investment funds and financial instruments of risk capital to support development projects

    4. Skopje Smart HUB - City Innovation Platform for Support Smart City Development Projects