ZERO Carbon City - урбани средини без негативно влијание на животната средина

Проектирање одржливи енергетски објекти

Приоритетни проекти се реконструкција на објектите на локалната самоуправа и јавна администрација во „Одржливи Енергетски Објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free). Со реализација на проектите во урбаните општини на Република Македонија ќе се остварат првите чекори кон реализација на моделот на ZERO Carbon City - урбани средини со оптимални услови за живеење на граѓаните и без негативно влијание на животната средина.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, Центарот за финансирање и менторска поддршка и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојната работилница за Проектирање одржливи енергетски објекти , која ќе се организира на 11 Ноември 2017 г.

За оценување на мерките во однос на нивната техничка ефикасност, еколошките ефекти и, во исто време, економичното користење на енергијата, треба да се изврши економска анализа со цел да се утврдат комерцијално економските предности.
Комерцијално економската корист е само еден критериум меѓу другите важни стандарди, како што се компатибилност со животната средина, национално економска евалуација или безбедност на снабдувањето. Затоа, вторите критериуми мора да влијаат на одлуката, во случај неколку инвестициски алтернативи да водат до еднакво комерцијално остварливи мерки.

Во „Одржливите Енергетски Објекти „ зависно од резултатите на енергетската контрола/аудит изработена од овластен енергетски менаџер во предлог проектот / елаборат за енергетски ефикасна реконструкцијата може да биде предвидена следната технологија:

· геотермална топлотна пумпа , систем за греење и ладење со кој е овозможена замена на поранешниот централен систем за греење со мазут и со тоа објектот повеќе директно не емитира јаглерод диоксид и PM честички кои го загадуваат воздухот

· соларен термален систем составен од соларни колектори и бафер кој ја чува топлата вода загреана од соларната радијација на кои се изложени соларните колектори. На овој начин се добива топла вода за санитарни потреби во објектот со систем кој е замена на традиционалниот електричен бијлер, односно се намалува потрошената електрична енергија во објектот

· контролиран механички систем за вентилација - оваа технологија овозможува размена помеѓу воздухот од надвор со воздухот од внатрешните простории при тоа минимизирајќи ги загубите на енергија (остварено со топлоразменувачи функционални во летниот и зимскиот период) преку рекуператори кои надворешниот воздух го прочистуваат од алергени и PM честици. Системот овозможува минимална употреба на уреди за климатизација.

· системи за соларно засенчување кои ја лимитираат соларната радијација во лето и со тоа ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија на системите за климатизација

· соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот кои во текот на денот и соларно зрачење овозможуваат овој „одржлив енергетски објект„ да биде и потполно енергетски независен.

--------------------------------------------------------------------------------

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис + 10% попуст за пријавени повеќе учесници. Време и место на одржување Настанот ќе се одржи на 11 Ноември 2017 година (сабота) од 10.00 часот, во Скопје. Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

КОТИЗАЦИЈА: 5.400,00ден.

  1. Сабота, Ноември 11, 2017

    Теми кои ќе се обработат на семинарот:

    Раководење со проект

    • Избор на тема за проектот
    • Истражување на статус кво
    • Развој и пресметка на енергетски оптимално решение
    • Споредба на ефикасноста на цената
    • Изготвување на презентација за управување
    • Распоред на проектот
    • Контрола на трошоците
    • Евалуација и оценка на перформансите

    Закон за енергетика
    Набавка на енергија и трговија со енергија
    Тргување со емисии
    Пресметка на цената на енергијата

11/11/2017
Add to Calendar