Управување со одржливи проекти

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Патот од првата идеја за проект до успешна имплементација

Семинарот „Управување со одржливи проекти„ ќе го реализира Г-ѓа Анета Тодоровска Бендик.

Организациите активно вклучуваат општествено одговорни и еколошки практики во нивниот оперативен бизнис модел. Управување со проекти е под притисок да испорача резултати, но да го стори тоа на начин кој не создава непотребни влијанија врз општеството или животната средина. Проектите, компаниите, институциите се почесто се идентификуваат како зелени, одржливи и енергетски ефикасни.

Четирите клучни фактори на одржливост се применуваат и при управување со одржливи проекти: Одржлив иновативен проект; Управување со засегнатите страни; Економска и конкурентна предност, и Примена на политики за заштита на животната средина и заштеда на ресурси.

Семинарот е дел од EUREM сертифицираната програма.EUREM - European Energy Manager е меѓународно сертифицирана тренинг програма на Индустриската Стопанска Комора на Нинберг, Германија со пристап до Европската мрежа на алумни за континуирана размена на знаења. ЕУРЕМ МК е здружение на енергетски менаџери вмрежено со Институт Јожеф Стефан во Љубљана и Energie Institute Vienna.

Sustainability in Project Management Video https://youtu.be/X268QtqLcdQ

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават поединци (приватни лица) и регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост.

Програмата ќе се реализира како едно-дневен семинар од 10.00-15.00 часот, во Скопје.

------------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство on-line на линкот „Пријави се„ или со пополнување на пријавата дадена на линот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686 Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Стопанска Комора на Мал Бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, 070 223 686 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Сабота, Април 13, 2019

    Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

    • Избор на тема за проектот
    • Истражување на статус кво
    • Мерење и анализа EDM - Energy Data Management
    • Развој и пресметка на енергетски оптимално решение
    • Споредба на ефикасноста на цената - инвестициска анализа
    • Финансирање - избор на модел: кредит-субвенција, Energy Performance Contracting, ESCO
    • Изготвување на презентација за управување
    • Распоред на реализација на проектот - стартување,планирање,распоред и спецификација,контрола и надзор,завршување
    • Управување и контрола на трошоците
    • Евалуација и оценка на перформансите