Група Металопреработувачи во Германски Технички Клуб

Во просториите на МЗТ Алатни Машини - Скопје на 12 Април 2017 се одржа иницијален состанок на Група Металопретаботувачи во Германски Технички Клуб. Г-н Божидар Антески - менаџер на МЗТ Алатни Машини информираше за причините и потенцијалите за соработката со Германскиот пазар . компании и институции и понуда на услугите на претпријатијата со металопреработувачка дејност иницијатори на групата. Иницијатори на групата Металопреработувачи се претпријатијата: МЗТ Алатни Машини, Даркос, Делма, Рид и Урум. По презентацијата на Акциониот План на Германскиот Технички Клуб следеше дискусија за организациски и комерцијални проекти кои групата ќе ги поддржи. Договорено е групата да подготви портфолио, да се остварат директни контакти со соодветниот индустриски сектор во Германија и во наредните три месеци да се оствари комерцијална презентација пред потенцијални германските партнери и промоција на предлог проекти кај соодветните фондации за поддршка.