Посета на фармата Везе Шари и биогас постројката на Електро Шари, 18 Јуни 2021 г.

Во рамките на проектот EUREM MK, на 18 Јуни 2021 просториите на Електро Шари ги посетија претставници на Комората на мал бизнис. За време на оваа посета, делегацијата на студенти од обуката ЕУРЕМ и претставници на партнерската организација Еко Вита во Зелената Мрежа на Социјално Претпиемништво одблиску се запознаа со процесот на производство на биогасот, каде отпадот од фармата Везе Шари и другиот земјоделски отпад се користи како суровина.