Стратешко планирање со партнерот Институт за Развој на Заедниците на Шара, 26 Јуни 2021 г.

На покана на Институтот за Развој на Заедниците (CDI - Community Development Institute) претставник на Комората на Мал Бизнис учествуваше во работилница за Стратешеко Планирање на оваа партнерска организација во Мрежата на Зелено Социјално Претприемништво. Во работната група за поддршка на бизнис заедницата се дискуитраше заедно со претставници на Занаетчиската Комора за неколку иницијативи за користење на капацитетите на ИРЗ за пристап до програми за поддршка на здружување на членките на Коморите во заедници, задруги, конзорциуми или соодветни модели за заедничко деловно делување кое ќе придонесе за поголема конкурентност. Се разговараше и за поддршка од страна на Коморите кон ИРЗ и други граѓански организации за комерцијализација на социјалото претприемништво односно поддршка од Коморите за постигнување на одржливост на социјални претпријатија во реалниот сектор. Зелените прокети ќе останат приоритет во стратешкото планирање на ИРЗ и со тоа соработката со партнерите во Зелената Мрежа на Социјално Претприемништво ќе добие поголема динамика во наредниот 3 годишен период.