Адриатик Бизнис Клуб / Adriatic Business Club

Standard и Premium членките на Комората на Мал Бизнис кои имаат воспоставена деловна релација со компании и организации од земјите на Adriatic регионот (Италија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Грција) се иницијатори и оснивачи на Adriatic Business Club. Се повикуваат и останатите членки на Комората на Мал Бизнис за вмрежување во Adriatic Business Club , планирање и реализација на Програмата на Adriatic Business Club.

Фокусот на деловната соработка во 2017 беше кон новите членки на НАТО - Црна Гора и Албанија, споделување на искуства и учество во инвестициските проекти поттикнати со безбедносните гаранции на НАТО во комбинација со Медитеранските и Транснационални програми за поддршка на Фондовите на Европската Комисија.

Во 2018 год. се планирани локални и регионални активности за промовирање на ESCO инвеститори во проекти за животна средина и одржлив развој во координација со канцеларијата на Italian Trade Agency во Скопје и мрежата на ITA канцеларии во WB6 земјите. Согласно Меморандумот за соработка со Фондацијата Swiss Contact со Комората на Мал Бизнис (ЕУРЕМ МК) ќе се поддржи промоција на ESCO финансирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија подготвени согласно методологијата на EUREM Consortium Germany. Во соработка со економските канцеларии при Амбасадите на Република Словенија и Република Црна Гора ќе се поддржат проекти за имплементирање на нови одржливи технологии за производство од обновливи извори на енергија. Планирани се проекти за воспоставување мрежа на мали хидроелектрани во Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија на иницијатива на групацијата „Мали Хидроелектрани Западен Балкан„ при Комората на Мал Бизнис.

ПРОГРАМА ЗА Adriatic Business Club за 2018 г.

Работилница на Adriatic Business Club за утврдување на програма на активности во 2018 год. ео одржана на 25 Јануари 2018 год.

Прогрмата на Adriatic Business Club за 2018 г и повици за учество се дадени на линкот: http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC...

--------------------------------------------------------------------------------------------------

Повикани за учество и соработка со клубот се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловната и техничката соработка помеѓу Република Македонија и земјите од интерес на Adriatic Business Club .

ADRIATIC BUSINESS CLUB ПРОГРАМИ

Животна средина и одржлив развој

- Програма за поддршка на соработка во област на животна средина и одржлив развој – „Department of environmental sciences” http://www.environment.si/
- Проекти и поддршка на развој – техничка и оперативна поддршка за меѓународна соработка Centre for international cooperation and development CMSR http://www.cmsr.si
- European Energy Manager  (EUREM обука) http://www.energymanager.eu/
- Center of Excellence "Environmental Technologies" Jozef Stefan Institute Slovenia – технологии и методи за природен третман на отпадните води

Преработувачка индустрија

- Поддршка на приоритетни области – Агро-прехранбен сектор, Креативни индустрии – модна индустрија, мебел, спортски реквизити, уметнички ракотворби, smart manufacturing – машинска преработка, индустриска автоматизација, ICT, нанотехнологии
-Stimulating the innovation potential of SMEs for a low carbon and efficient energy system
- Boosting the potential of small businesses in the areas of climate action, environment, resource efficiency and raw materials

Дизајн и креативни информатички технологии

- Програми за поддршка на иновативни проекти- http://www.meta-group.com

Вмрежување, извозна поддршка и посредништво

- Промоција на Италијанските економски и трговски релации фокусирана на малите и средни претпријатија, нивни конзоциуми и групации http://www.ice.gov.it
- Делегациски посети во Словенија http://www.sbch.org.mk/novosti?page=3
- Networking настани и стручни семинари http://www.sbch.org.mk/events-page
- Комуникација и PR http://www.xtrovertmedia.se/
- Позиционирање и бизнис промоција
- Воспоставување деловни контакти и посредништво
- Меѓународни извештаи за бонитет на деловни партнери www.mkb.mk
- Кредитно осигурување на извозни побарувања (пред и по испорака) и факторинг (одложено плаќање) www.mbdp.com.mk
- Менаџмент на инвестиции
- Партнерство во EU и регионални развојни фондови

Иницијативи и предлози за програмата на Adriatic Business Club сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество - дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/file/325/download?token=K5dz8LDg која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901
(за нови членки на Комората пристапница на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_2.doc )