ПОВИК ЗА ПОД-ИЗВЕДУВАЧИ ЗА МОНТАЖА НА МАЛИ-ХИРДОЕЛЕКТРАНИ

- Мали Хидроцентрали Западен Балкан -

Оснивачки состанок на групација за HPS/HPP, 25 Јули 2017

Стопанската Комора на Мал Бизнис на иницијатива на Германскиот Технички Клуб во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нинберг (Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken) и Majoor Engeneering Management од 26-29 Јуни реализираше деловна посета на погони за производство и инсталирана опрема на мали хидро-електрани со имплементирана Hydro Power Screw Technology HPS/HPP.
Договорено е формирање групација за производство и монтажа на овој тип хидро-електрани на локации во земјите на Западен Балкан. Изработката на металните делови ќе се организира од компаниите на Групацијата на металопреработувачи во Комората под надзор на Majoor Engeneering Management

ПОВИК ЗА ПОД-ИЗВЕДУВАЧИ ЗА МОНТАЖА НА МАЛИ-ХИРДОЕЛЕКТРАНИ

(проектирање и изработка на градежните работи и монтажа на електро-машинската опрема на мали-хидро-електрани)

За поддршка на предстојните проекти за изградба на мали и средни хидроцентрали Majoor Engeneering Management и "Националниот Конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој" повикува соработници - заинтересирани приватни компании и останати организации и засегнати страни. Пријавување со пополнување на пријавата дадена во прилог.

Majoor Engineering Management (портфолио)

Majoor Engineering Management е компанија која нуди наменска иновативни решенија за имплементација на технологии во вашитe бизнис процеси. Tимот на Majoor Engineering Management има силна позадина во истражување и развој на бизнисот на иновативни индустриски производи и решенија. За предстојните проекти поддржани од инструментите на Берлинскиот Процес иницирани на претстојниот WB6 Самит во Трст, 12 Јули 2017 и финансиските линии на KWF, EBRD i EIB Majoor Engineering Management нуди нови технологии во изградба на мали и средни хидроцентрали. За реализација на проектите потребно е партнерство со локални компании со референци и експертиза за изведба на градежни работи, електрична - машинска подготовка и монтажа на опрема за мали и средни хидроцентрали.

Национален конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, се основа за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

Заинтересираните соработката со Националниот Конзорциум може да ја остварат како Придружен член или како Под-изведувач на проектите.

Придружните членови на Националниот Конзорциум е потребно да поседуваат сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетска ефикасност - членство во EUREM MK Здружението - сертифицирана обука за енергетски менаџер, енергетски проект менаџер - препорачана програма на www.eurem.net или сродна.

Под-изведувачи на проектите ќе бидат дел од базата на заинтересирани соработници. Активностите за тековните проекти на Националниот Конзорциум под-изведувачите ќе можат поблиску да ги следат како членови на Комората на Мал Бизнис

повеќе >> http://www.sbch.org.mk/programi/%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%...

Доставување на пријавите

Пополнете ја пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/file/134/download?token=07eKFRbo , и доставете ја на e-mail info@sbch.org.mk

Контакт телефон: 070 271 901, (02) 244 8077

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

Германски Технички Клуб

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk