Седници на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК

Седница на Здружението „ЕУРЕМ МК„ 1.11.2019 год. Скопје

ЗАПИСНИК

Дневен Ред

 потврда на дневен ред, дополнување на точки на дневен ред
 преглед на активности од седницата во јануари 2018 до денес
 промена на еден член на Управен Одбор на ЕУРЕМ МК– на местото на Г-ца Ивана Ристовска за нов член на Управен Одбор МК е назначен Г-н Златко Пандовски

1. Подготовка на работна група за координација со претставници и тела на ЕУ Делегација и Светска Банка за изработка на грантови програми за проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија согласно „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавната администрација„ подготвена од ЕУРЕМ МК во октомври 2017

 од втората половина на 2018 воспоставена е соработка со претставници на ЕУ Делегација со кои се вршат периодични квартални неформални консултации за профилирање на нивните програми за поддршка на деловниот и јавниот сектор и проекти за зелени инвестиции, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
 воспоставена иницијална соработка со Municipality Services Improvement Project - MSIP – проектна единица на Светска Банка при Министерство за Финансии - следи координација за конкретни проекти

2. Информација од работната група за подготовка на Закон за Енергетска Ефикасност и подготовка на амандмани и лоби група во Собранието на РСМ за поднесување и поддршка на амандманите на Законот за Енергетска Ефикасност

 презентација на клучни области каде ќе се предложат амандмани
 поднесување на иницијатива за формирање на интерпартиска парламентарна група за правата на сертифицирани енергетските менаџери, експерти и консултанти за учество со нивната експертиза во спречување на климатските промени

3. Информација од реализираните координација со економските канцеларии на странски Амбасади и претставништва на меѓународни донаторски и финансиски институции за иницирање регионални проекти и користење на достапни ЕУ фондови за поддршка

- Helvetas – Швајцарска Интеркооперација од Швајцарија – проект Образование за вработување во Северна Македонија
- Green Climate Fund - Прв повик за проектни идеи зa финансирање преку Зелен климатски фонд
- Adriatic Finance HUB - платформа за поддршка на инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на проекти за развојаплицирање за користење на достапните финансиски донации, поддршки и сл.
- иницијативи и планови за соработка со претставници на Стопански Комори, организации и институции од Грција и подготовки за учество на Годишната Конференција на ЕУРЕМ Конзорциум во мај 2020 година во Атина. Грција

ЗАКЛУЧОЦИ

1. Изработка на амандмани по забелешките за Нацрт Законот за Енергетска ЕФикасност и доставување до соодветните институции, политички партии и пратеници
2. Подготовка на работна група за координација со претставници и тела на ЕУ Делегација и Светска Банка за изработка на грантови програми за проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
3. Подготовка на акциона програма за соработка со претставници на Стопански Комори, организации и институции од Грција и подготовки за учество на Годишната Конференција на ЕУРЕМ Конзорциум во мај 2020 година во Атина. Грција
4. Подготовка на проектен концепт и аплицирање на повикот на Зелениот Климатски Фонд и формирање на проектен тим за понатамошните фази од постапката

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

О Т В О Р Е Н А П О К А Н А

за учество на

Седница на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК

во петок 12 Јануари 2018 год.

Почеток: 17.30 часот

Скопје

за утврдување програма на активности во 2018 год.

Согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Фонацијата Swiss Contact, координацијата со канцеларијата на ITA (Italian Trade Agency) и поддршката од економските канцеларии на Амбасадите на Република Словенија и Република Црна Гора, како и координацијата со советниците во Владата на РМ за регионални проекти и енергетика , како и остварените координации со Град Скопје, Општините Битола, Кочани, Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром за локални проекти ЕУРЕМ МК подготвува програма на активности во 2018 за која е потребна поддршка од членовите - сертифицирани Европски Енергетски Менаџери во делот на проектирање, како и претпријатија и организација за изведба на проектите.

Основа за планираните активности е „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавната администрација„ усвоена на предходната седница, а изработена согласно согласно „Националната програма за енергетска ефикасност во јавни згради„

Пријавување учество на седницата

Поканата за учество на седницата е отворена за сите членови на Здружението ЕУРЕМ МК со уплатена годишна чланарина за 2017 год.

Членови во Здружението ЕУРЕМ МК може да бидат:

- членките на Стопанската Комора на Мал Бизнис кои имаат сертифициран EUREM менаџер
- учесници на тековната ЕУРЕМ обука со обврска во наредните 2 години да бидат EUREM сертифицирани

Забелешка:

На претстојната седницата се поканети за учество и Premium членки на Комората на Мал Бизнис (кои немаат ЕУРЕМ сертификација), а се заинтересирани за учество во ESCO финансираните проекти подготвени за реализација и под надзор од ЕУРЕМ МК здружението.

Пријавувањето учество на седницата се врши со повратен е-маил - испратете име и презиме на учесникот и контакт телефон/е-маил на info@sbch.org.mk

Повеќе информации за пријавување во тековната ЕУРЕМ обука, на тел. 070 271 901 Слободан Софески

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk