„Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавна администрација„

На Третата Седница на Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК на 24 Октомври 2017 год. усвоена е „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавна администрација„.

Реализацијата на програмата е со поддршка на „Центар за финансирање и менторска поддршка„ и „Европскиот Институт за енергетска ефикасност и одржлив развој„ при Стопанската Комора на Мал Бизнис на Република Македонија и „Институтот за животна средина и здравје„ при Универзитетот на Југоисточна Европа.
Приоритет на програмата е реконструкција на објектите на локалната самоуправа и јавна администрација во „одржливи енергетски објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free)

Со реализација на програмата во урбаните општини на Република Македонија ќе се остварат првите чекори кон реализација на моделот на ZERO Carbon City - урбани средини со оптимални услови за живеење на граѓаните и без негативно влијание на животната средина.

П О В И К

за соработници за подготовка на изведбените проекти и проект менаџментот на реализацијата на проектите од „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавна администрација„

Повикуваме изведувачи со портфолио во кое се вклучени:

- просторни, технички и човечки ресурси за реализација на проектите

- референци за изведба на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергијата

- референци за проектирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергијата

- сертификат за енергетски менаџери или енергетски проект менаџер (*) информации и пријавување за тековна обука за Европски Енергетски Менаџери ЕУРЕМ и Национална сертификација за енергетски менаџери на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0...

- Standard членство во Комората на мал бизнис; (*) Premium членство за партнерски проекти

Заинтересираните претставници на локалната самоуправа и јавна администрација се поканети да го посетат референтниот објект- веќе реализиран пилот проект на „одржлив енергетски објект„ во кој е инсталирана следната технологија:

· геотермална топлотна пумпа , систем за греење и ладење со кој е овозможена замена на поранешниот централен систем за греење со мазут и со тоа објектот повеќе директно не емитира јаглерод диоксид и PM честички кои го загадуваат воздухот
· соларен термален систем составен од соларни колектори и бафер кој ја чува топлата вода загреана од соларната радијација на кои се изложени соларните колектори. На овој начин се добива топла вода за санитарни потреби во објектот со систем кој е замена на традиционалниот електричен бијлер, односно се намалува потрошената електрична енергија во објектот
· контролиран механички систем за вентилација - оваа технологија овозможува размена помеѓу воздухот од надвор со воздухот од внатрешните простории при тоа минимизирајќи ги загубите на енергија (остварено со топлоразменувачи функционални во летниот и зимскиот период) преку рекуператори кои надворешниот воздух го прочистуваат од алергени и PM честици. Системот овозможува минимална употреба на уреди за климатизација.
· системи за соларно засенчување кои ја лимитираат соларната радијација во лето и со тоа ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија на системите за климатизација
· соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот кои во текот на денот и соларно зрачење овозможуваат овој „одржлив енергетски објект„ да биде и потполно енергетски независен.

Македонска Организација на ЕУ сертифицираните Енергетски Менаџери е Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК„. Членки на Комората на Мал Бизнис можат да бидат придружни членки на ЕУРЕМ МК како тековни учесници на обуката ЕУРЕМ до нивно сертифицирање и полноправно членство.

Заинтересираните соработници треба да испратат свое портфолио на info@sbch.org.mk

Контакт на тел. 070 271 901

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk