Промоција на сертификациска марка - ФЕР СО ПОТРОШУВАЧОТ

На 29 Септември 2022 год. (четврток) од 11.00 часот ги покануваме заинтересираните компании и организации да учествуваат на презентација на критериумите за верификација и стекнување на сертификатот "Фер со Потрошувачот" https://fersopotrosuvacot.mk/web/

Сертификатот Фер со Потрошувачот претставува сертификатна марка заштитена и регистрирана во Државниот завод за индустриска сопственост, а истиот го доделуваат Организацијата на потрошувачите на Македонија, Здружението на бизнис консултанти Креација и Асоцијацијата за развојни иницијативи Зенит.

Содржина на презентацијата:

- Апликација
- Верификациски критериуми
- Кодекс-фер однос кон потрошувачите
- Договор за стекнување со сертификатот
- Субвенции од Министерството за економија за сертифицираните компании

За учество на презентацијата ве молиме формално да не информирате за бројот на учесници со допис на info@sbch.org.mk

Лице за контакт: м-р Мартина Грнчаревска mgrncarevska@opm.org.mk тел 078497958.

Ги повикуваме заинтересираните за верификација и воведување на сертификатот Фер со потрошувачот да ја пополнат апликацијата дадена на линк >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/%D0%90%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0... и да ни ја испратат на info@sbch.org.mk

Критериумите за сертификација се дадени на линкот >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/%D0%9A%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1...

Покана и програма на настанот е дадена на линкот >>>
http://sbch.org.mk/sites/default/files/%D0%9F%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0...

Повеќе информации за сертификатот "Фер со Потрошувачот" на: https://fersopotrosuvacot.mk/web/

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk