Управување и контрола на трошоци за енергијата - 22 Јануари 2022 г.

Цените на енергијата на отворениот пазар се менуваат без можност од потрошувачите - компаниите и организациите да влијаат на добавувачите и трговците.

На претстојниот семинар „Управување со енергијата„ на 22 Јануари 2022 год. ќе се презентираат системите за увид на трошокот и инжинеринг на енергијата со кои инвестициите во сопствено производство и/или опрема за заштеда на енергија ќе имаат потполен ефект и поврат на инвестицијата. Имплементација на различни мерки за управување на енергијата дава различни резултати за заштеда:

Проверка - просечна заштеда 5%
Мониторинг/контролирање - просечна заштеда 8%
Увид и анализа - просечна заштеда 20%
Оптимизација - просечна заштеда 25%

Комората на мал бизнис овозможува потврдување на успешните деловни практики кои се однесуваат на заштеда на енергија, екологија и одржливост со Eco-En Cert е шема за сертификација за енергетска ефикасност и животна средина со проценка од трета страна. http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

Комората на мал бизнис овозможува поддршка за континуирано подобрување на управувањето со енергијата со меѓународниот тренинг за енергетски менаџери EUREM (European Energy Manager) по програмата на Индустриската Стопанска Комора на Нинберг, Германија. https://youtu.be/yF0U7AiZuV8

Eco-En Cert и EUREM Alumni капацитетите на 70 енергетски менаџери, со поддршка на програми и експертиза за финансирање на проектите е уникатната поддршка на Комората за компании и организации од сите профили кои имаат цел за независност во управувањето со енергијата.

Пријава за учество е дадена на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20Upr...

Програма на семинарот на линкот >>> http://sbch.org.mk/content/%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0...