ProExcellent

ProExcellent е програма на дуални, менторски обуки и проекти за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите која се реализира во соработка со сертифицирани домашни и интернационални тренинг провајдери , консултанти и ментори.

------------------------------------------------------------------------------------------------------

ДУАЛНИ ОБУКИ
(30-40% теоретска настава, 60-70% практична настава)

Сертифицирани програми кои ги надополнуваат вашите квалификации (или преквалификува) и ве подготвуваат за работа на типични работни места.

- EUREM - European Energy Manager, ЕУРЕМ - Европски Енергетски Менаџер (меѓународен сертификат)

- Финансиско административен асистент (општа финансиска и правна администрација)

- Сметководство (согласно International Financial Reporting Standards (IFRS) - Меѓународен Стандард за Финансиско Известување (МСФИ))

- Медицинска и спортска масажа , (соработка со Агенција за вработување на РСМ)

- Машино-бравар, (Надзорот и сертифицирањето според Германските стандарди на дуално образование)

- Опслужувач за CNC машини, (Надзорот и сертифицирањето според Германските стандарди на дуално образование)

--------------------------------------------------------------------------------------------------------

МЕНТОРСКИ ОБУКИ
(прилагодени програми за тим билдинг и менторство)

Нашите менторски програми се дизајнирани за позитивно да влијаат на луѓето и да поттикнат кај нив развој на одржливи вештини.

- Финансиски извештаи во Excel (анализа на финансиски извештаи, прогноза на годишни приходи,
прогноза на финасиски извештаи)

- Инвестициски анализи во Excel (финансирање одржливи проекти)

- Анализа на оправданост и буџетирање за Start-up Seed Funding

- Активна Продажба (Team Building & HR Networking)

- Лидерство во човечките ресурси (Leadership in human resources)

- Лидерски потенцијали и вештини (Team Communication & HR Management)

- Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање (Strategic Thinking & Team Building)

- Менаџмент анализа на клучни финансиски извештаи (Finance Management)

-----------------------------------------------------------------------------------------------------

CATALYST PROJECT

Проектот Catalyst https://projectcatalyst.eu/ има за цел да го поттикне личниот и организацискиот развој, да помогне во трансформацијата во малите и средните претпријатија кон зголемена одржливост, поттикнувајќи ги да ги преиспитаат и да ги редизајнираат нивните бизнис модели и да креираат и споделат знаење.

------------------------------------------------------------------------------------------------------

Повеќе информации за временски распоред на семинарите и обуките од ProExcellent програмата на линковите:
https://www.sbch.org.mk/events-page

и

http://www.sbch.org.mk/povici/%D1%82%D0%B8%D0%BC-%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B...