Развој на Нови Пазари

CIT GLOBAL CLUB

Комората и CIT (Council for International Trade) ќе работат со членовите за да им помогнат да отворат нови пазари, да ги разберат и да се прилагодат на техничките бариери во трговијата, да генерираат нова продажби и да обезбедуваат пристап до нови платформи за едукација и вмрежување. Комората и CIT одржуваат бројни бесплатни вебинари, онлајн курсеви за сертификати и настани за вмрежување во текот на годината, а исто така обезбедува влезни/излезни странски директни инвестиции, генерирање клиенти/лидери и трговски мисии ориентирани кон продажба за своите членови.
http://sbch.org.mk/novosti/itc-global-club-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D1%8...

------------------------------------------------------------------------------------------

THE NEXT GENERATION LEADERS

Комората на мал бизнис, во соработка со Матрона Консалтинг, нуди поддршка на извозни активности и интернационализација со поттикнување на иновативен пристап на идно делување на бизнис ентитетите, обезбедување на know-how, информации и понуда на соодветна практика за настап на македонските компании на надворешен пазар, особено преку извозно-ориентирана политика.
promo video >>> https://youtu.be/cFF8FiiS4pU

--------------------------------------------------------------------------------------------

USP - ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ

Комората на Мал Бизнис има воспоставени деловни мрежи во повеќе земји и нуди услуги за поддршка за настап и влез на новите пазари, обработка на пазарот и воспоставување деловни контакти согласно USP (unique selling proposition) концептот.

Најдобро позиционирање и промовирање на новите пазари е преку локален деловен партнер кој долгорочно ќе ги позиционира вашите производи и услуги во земјата. Нудиме менторска поддршка за подготовка на USP понуда за целниот пазар, воспоставување соработка со соодветен партнер, односно по дефинирање на профилите на целните компании кои би биле идеален партнер, Комората ги воспоставува првите контакти со потенцијалните партнери и организира состаноци и патување во земјата од интерес. Представник на Комората, во својство на менторска поддршка, може да учествува на разговорите и состаноците со потенцијалните локални партнери.

Комората на Мал Бизнис на Македонија има воспоставено соработка со Стопански и Индустриски Комори и државни институции во земјите од интерес кои овозможуваат пристап до информации за локалната правна регулатива и даночна политика. Исто така Комората на Мал Бизнис може да понуди поддршка за ангажирање на локални сметководствено - финансиски и консултантски организации при воспоставување на претставништва, инестиции или регистрирање на претпријатие во земјите од регионот или ЕУ.

---------------------------------------------------------------------------------------

БИЗНИС ПРОМОЦИЈА и PR

Комората на Мал Бизнис ги планира и практикува Односите со јавноста како непрекината активност да се воспостават и одржат добри односи и меѓусебно рабирање помеѓу организацијата и нејзината публика: купувачи, вработени, акционери, трговци , добавувачи, влади и општеството во целина. Комората во својот комуникациски план за Односи со Јавноста има за цел да влијае на компаниите, јавното мислење и јавните политики со:

- Практикување на Моделот на односи со јавноста во компаниите

- Информирање на јавноста - формирање на јавно мислење

- Влијание на јавното мислење врз креирање на деловните политики

- Лобирање на деловната јавност во креирање на јавни политики

Со цел поддршка на членките на Комората во нивните промотивни активности Комората нуди менторски и консултантски услуги за:

- Методите на примена на односите со јавноста во рамките на промотивните активности на претпријатијата и организациите

- Примена на односите со јавноста за остварување на комерцијални цели и

- Користење на односите со јавноста како алатка за позитивна презентација на претпријатието и организацијата во јавноста, изградба на имиџ и бренд

ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НА НАВЕДЕНИТЕ PR и ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ СЕ ОДВИВА ВО СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ:

1. Поставување на целосна PR стратегија - како интерен или излезен документ на компанијата

2. Таргетирање на целната јавност за конкретно подрачје на делување на компанијата

3. Практично лобирање на целната јавност со употреба на:
- социјални медиуми (профили, групи, страни)
- форуми за комуникација
- водење на блогови
- огласување по пат на интернет
- статии во весници (печатени и интернет)
- гостување во емисии
- претставување на компанијата на јавни манифестации, саеми, настани . . .
- водење на сопствен You Tube канал

4. Креирање портфолио за општествена одговорност на компанијата

5. Водење промотивни проекти/настани/активности на компанијата

-----------------------------------------------------------------------------------------

РЕКЛАМИРАЊЕ - АДВЕРТАЈЗИНГ

Адвертајзинг - рекламната порака ги убедува и влијае на свеста на потрошувачите да се одлучат за вашиот производ или услуга. Адвертајзинг алатки за остварување на промотивните цели на компаниите и организациите :

GRAPHIC DESIGN & PROFILE

PRINTING & PUBLICATIONS

PHOTOS & ILLUSTRATIONS

WEB PRODUCTION AND MARKETING ON THE INTERNET

VIDEO PRODUCTION

FAIRS & EVENTS

STRATEGIC COMMUNICATION AND PROJECT MANAGEMENT

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО- мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk