Когенеративна Биогас централа - Elektro Sharri

Директорот на компанијата Veze Sharri Г-н Абдулезеи Догани во комплексот производствени објекти во с.Требош, Тетово беше домаќин на делегација на ЕУРЕМ МК - здружение на енергетски менаџери. За време на посетата делегацијата направи обуколка на погонот за производство на електрична енергија од когенеративна постројка на биогас-метан. Постројката има инсталиран производствен капацитет од 2.6 MW и претставува референтна биогас постројка во поширокиот регион на Западен Балкан. Односот на финалната енергија доведена до потрошувачот наспроти примарната произведена енергија кај когенеративните постројки може да достигне до 90% што овие постројки се приоритетни проекти и инвестиции за енергетска ефикасност поддржани од Adria Finance HUB.

Заинтересираните за ваков вид инвестиции ги повикуваме на семинарот за Гас Централи на 18 Мај 2019 год и презентацијата на Adria Finance HUB на 22 Мај 2019 г. Повеќе на линкот:
https://www.sbch.org.mk/content/%D0%B3%D0%B0%D1%81-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1...