Презентација "Local Dual Training with Elements of the German System„ 12 Јуни 2019

Ве повикуваме за учество на презентација на модуларен пакет за сертифицирана тренинг теоретска и практична обука во организација на Германски Технички Клуб во Комората на Мал Бизнис.
Категоријата за квалитет „Local Dual Training with Elements of the German System" вклучува локални курсеви за стручно образование кои се релевантни за локалниот пазар на труд и имаат дуален карактер. Обуките се реализираат дуално:
• теоретската настава во соработка со тренинг провајдер од Стопанската Комора на Мал Бизнси кој ќе обезбеди инструктори со релевантно професионално искуство и ќе реализира обука со соодветни професионални и интерперсонални стандарди
• практичната индустриска настава се реализира во компаниите

Компаниите можат да обучуваат, квалификуваат и пре-квалификуваат сопствен кадар за дадените програми и да обучат нов кадар кој ќе можат да го вработат. Програмата се реализира во соработка со Агенцијата за Вработување на РСМ која овозможува избор на соодветен кадар и програма за поддршка со активни мерки за вработување. Надзорот и сертифицирањето според Германските стандарди на дуално образование.

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата од линкот >>>
https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Germanski%20Te...
која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловната и техничката соработка помеѓу Северна Република Македонија и Сојузна Република Германија.