ФИНАНСИСКА КРИЗА?... НИШТО НОВО ЗА НАС

Пред петнаесетина години додека бев студент после секое предавање од макро економија си помислував дека си го најдов решението за кризата во Македонија. Верувам дека многу мои колеги на време на студирањето размислувале така. Но не ми е зборот дали навистина го најдовме решението за излез од кризата туку и пред петнаесет години зборувавме за кризата во нашата земја и денеска зборуваме. Значи во текот на тие петнаесет години во нашата економија нема ништо ново: ние секогаш сме во криза.

И со оглед на ова во текот на моите предавања во Космо Иновативен Центар во последните десет години и моето работно искуство во финансискиот сектор и во трговијата за жал видов дека малите и средни претпријатија во Македонија без разлика на економската ситуација во земјата и во светот не се подготвени да се справат со конкуренцијата, а особено не се подготвени да се справат со било каква криза без разлика дали поттикнува од лошите политики во земјата или е глобална финансиска криза. Иако еден дел со цел да биде во тек со светските деловни слушувања посетуваат разни обуки, предавања и курсеви не можам да кажам дека тоа е доволно.

Ако ја земеме во предвид последната глобална финансиска криза каде што го зафати целиот свет со тоа нормално и негативно влијаеше врз нашите фирми единствен спас за нашите фирми беа банкарските кредити. За жал иако нашите банки не осетија ништо од оваа криза тие не излегоа во пресрет на барањата на нашите бизнисмени. Банките беа опрезни (сосема нормално за нив) и иако дури ги зголемија каматните стапки сепак не беа спремни да ги кредитираат нашите фирми.

Исто така тоа што банките почнаа да бараат бизнис планови за консултаните кои ги изработуваа бизнис плановите значеше излез од кризата. За некого некогаш кризата значи и излез од самата криза на пример кризата со природниот гас придонесе зголемување на продажбата на електричните греалки.

Апелот на бизнисмените до Народна Банка да ги олабави кредитите во денешнава ситуација е реална и мислам дека Народната Банка и самите комерцијални банки треба да им излезат во пресрет на барањата на бизнисмените. Но, дали навистина бизнисмените се спремни да ги искористат овие пари во вистинска полза на фирмата и на националната економија воопшто?

За жал во текот на моите предавања каде што голем дел од учесниците беа сопственици или финансиски менаџери на мали и средни претпријатија увидов дека огромен процент од македонските компании се далеку од поимите финансиска анализа, финансиско планирање и стратегиско планирање. Голем дел од сопствениците на фирмите нивните финансиски успеси ги мерат со останатите готови пари во крајот на сезоната без да направат реална финансиска анализа и споредба со работата на нивните конкуренти. Иако за жал во Македонија тешко можеме да стигнеме до реални показатели на индустријата во која што работиме но сепак најчесто можеме да стигнеме до некои показатели за фирмите кои се лидери во нивната индустрија така да со тоа имаме можност да си се споредиме.

Можеби дел од фирмите и прават анализа но во многу мал процент од нив ги спремаат проформа финансиските извештаи или поточно прават финансиско планирање. Со тоа многу голем дел од фирмите пливаат ама не знаат каде точно пливаат така да пливајќи во река можат одеднаш да излезат на море без да се свесни за тоа. А малите неискусни пливачи можат да се удават во непознати големи води. Но ако сте планирале, макар и да не ви е многу добар планот, едно ќе знаете, а тоа е дека нема толку лесно да се давите.

Освен што ќе ви придонесе да ја анализирате добро вашата работа и да планирате за наредната година што друго може да ви донесе анализата и планирањето? Како што знаете фирмите кои што котираат во берзата задолжително ги објавуваат нивните резултати. Но за другите фирми не се задолжителни и особено помалите претпријатија не ги ни објавуваат во нивните веб сајтови. Што ако ги објавиме во нашите веб сајтови? Освен ако нема што да криеме од државата објавувањето на нашите финансиски резултати со целосна финансиска анализа и прогнозирањето на нашето работење со детално финансиско планирање во овој период кога кредитите не ни се допирливи може да привлечеме странски инвеститор кој ќе биде заинтересиран за нашата фирма каде што на пример тековниот показател ни е над 2, а во текот на оваа година сме успеале показателот на обрт на побарувања да го зголемиме за два или три пати. Иако ви се чини како илузија но една наша фирма, за која што нема да ја именувам на нивниот веб сајт ги имаше објавено финансиските резултати со показатели споредувајќи се со сличните фирми од Европа и само поради тоа што инвеститорите успеале да ги имаат во преглед резултатите на фирмата инвестираа околу два милиони евра во таа фирма.

Иако државата ја има таа функција да ни обезбеди услови за раст на работата на фирмите во земјата сепак ние не треба да се врземе само за оваа функција туку треба и самите да си бараме начин како да го унапредиме нашиот бизнис а тоа професионализирање во сите сфери од нашата работа.

Автори