EUREM MK учесник на конференцијата „ЗАГАДУВАЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: КОИ СЕ РЕШЕНИЈАТА?“

EUREM MK учествува со презентација и претставници на конференцијата „ЗАГАДУВАЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: КОИ СЕ РЕШЕНИЈАТА?“ во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Истражувачкиот центар за животна средина и материјали, 1-2 Ноември 2018 г.

Емилија Софеска, Michał Kwiatkowski, Слободан Арсовски, Mirek Dymitrow
Решавање на нерешливото? Загадувањето како фактор што создава модерено упориште на неодржливост.

На конференцијата пристигнале 39 наслови на презентации од 99 автори и коавтори кои се распределени во седум сесии: аерозагадување, енергетика/греење, сообраќај, индустрија/почва/храна, води, урбанизам/шумарство/озеленување и општи аспекти на урбаното загадување. Конференцијата има за цел да даде јасна и кратка дијагноза на состојбите, како се загадени градовите, од што, кои се главните извори на загадување и најважно е да се предложат мерки, краткорочни и долгорочни, како овој процес да се ублажи и како да се намалат негативните последици.

https://kanal5.com.mk/articles/353986/fiti-imame-mnogu-dobra-zakonska-re...