Инвестициска анализа на зелени проекти

Комората на Мал Бизнис на членките им овозможува поддршка за подготовка на проектни концепти и програми за поддршка од инвестициски и донаторски фондови за „зелени„ инвестиции, дигитализација и модернизација на деловното работење. FINPACT - мрежата на Комората применува иновативни методи и модели на финансирање во заедницата кои генерираат финансиски принос и мерливо, позитивно социјално или влијание врз животната средина. finpact promo video: https://youtu.be/-zMKmXHvTV0

Ве повикуваме за учество на едно-дневниот семинар: „Инвестициски Анализи во Excel„ со фокус на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Семинарот ќе се реализира on-line на 17 Септември 2022 год. од 10.00 часот.

АНАЛИЗА НА ПРОЕКТЕН КОНЦЕПТ

Учесниците ги повикуваме заедно со пријавата да достават предлог проектен концепт кој може да биде „зелен„ инвестициски/ развоен план или аудит за енергетска ефикасност за да може истите да бидат анализирани во текот на семинарот. Семинарот е воедно работилница за подготовка на финансиската анализа на инвестициони програми. Учесниците за време на работилницата можат да работат и да ја анализираат инвестицијата за својот проектен концепт.

МЕНТОРСКА ПОДДРШКА

Семинарот ќе се реализира со менторска поддршка за учесниците кои имаат подготвена проектна документација за инвестиции во одржливи енергетски проекти. Дополнителна менторска сесија ќе се реализира во договор согласно индивидуалните потреби и проекти на секој учесник.

FINPACT СЕМИНАР

Потврдените пријави (уплата) за претстојниот семинар за Инвестициски Анализи во Excel на 17 септември 2022 г. ќе добијат бесплатно учество на еднодневен семинар FINPACT на 18 Септември 2022 г. во Гардениа Хотел, Велес

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРОГРАМА

Семинарите се отворени за сите заинтересирани учесници (може да се пријават поединци и претставници на компании и организации) и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти.

Пријава и програма за семинарите на линкот >>>
http://www.sbch.org.mk/content/%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B...

ЗЕЛЕНО СЕРТИФИЦИРАЊЕ
видео презентација >>> https://youtu.be/hI6rXCCISvE

Учеството на семинарот Инвестициски Анализи во Excel е ослободено од котизација за еден претставник на Eco-En сертифицираните компании и компаниите во фаза на верификација на Eco-En Cert,
Eco-En Cert
Energy efficiency and environmental certification
повеќе на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

CATALYST

Учесниците на семинарот Инвестициски Анализи во Excel ќе бидат поканети да учествуваат во програмските активности на проектот Catalyst.

Catalyst - European Vet Excellence for Leading Sustainable System and Business Transformation е ЕУ проект дизајниран да придонесе за реализација на Европскиот зелен договор и новите индустриски стратегии за мали и средни претпријатија. Семинарот „Инвестициски Анализи во Excel„ и останатите ProExcellent програми за обуки и менторство се дел од концептите кои ќе справат со личниот и организацискиот развој кој ќе прифати трансформацијата во малите и средните претпријатија, овозможувајќи и инспирирајќи ги да ги преиспитаат и редизајнираат нивните деловни модели. www.projectcatalyst.eu

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk