GREEN SKILLS HUB започнува со работа - Јануари 2024 !!!

GREEN SKILLS HUB со нова енергија ги обединува сите страни вклучени во градењето на одржлива зелена економија кои се спремни да споделат вештини и знаење за да привлечат нови соработници и поддржат креирање нови работни места, иновативни производи, услуги и проекти за прилагодување и ублажување на климатските промени.

Воспоставувањето на GREEN SKILLS HUB со меморандуми за соработка го поддржаа: ПАКОМАК, ЕЛЕКТРО ШАРИ (биогасна централа на ВЕЗЕ ШАРИ), КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР, ЕСЦ - Електронски Сервисен Центар, ЕКОСАН, ЛИНК СОЛУШН, АРВИК, ЕДУ-СОФТ, EAGLE IT SOLUTIONS кои се членки на EUREM Alumni MK и Smart Digitalization Cluster при Комората на мал бизнис, како и граѓанските организации АРНО и Еко Вита членки на Зелената Мрежа на Социјално Претприемништво.

GREEN SKILLS HUB предвидува активности за избор на соодветни простории опремени за теоретска и практична обука во различни региони, развој на образовни програми кои вклучуваат широк спектар на зелени вештини и меки вештини, создавање партнерства со зелени бизниси за практична обука и можности за вработување, промоција на програмите преку различни платформи за привлекување на учесници, како и развој на системи за поврзување на дипломирани учесници со соодветни работни позиции во зелени индустрии. Зелените работни места и вештини за кои GREEN SKILLS HUB воспоставува програми и инфраструктура како поддршка на Green MiCred Pathways https://green-pathways.eu/ проектот се:

- Техничар за Инвертор Климатизери
- Одржувач на Компресори и Чилери
- Инсталатор на Соларни Панели
- Специјалист за Биоенергија и Биогас
- Техничар за EV Полначи
- Техничар за Хардверско Одржување на Електронски Уреди
- Техничар за Машини за Намалување на Отпадот
- Советник за проценка на Јаглероден отпечаток

GREEN SKILLS HUB во соработка со Catalyst проектот https://projectcatalyst.eu/ од половината на 2024 овозможува пристап до Centres of Vocational Excellence (CoVEs) и 70 програми за поддршка на деловна трансформација и развој на одржливи компании.

Компаниите кои веќе воспоставиле практики и услови за нови зелени работни места или со воведување на зелени менаџмент практики редефинираат работни позиции согласно зелени општествено одговорни политики веќе имаат потреба од обучен кадар со специфични вештини. Компаниите вклучени во надворешно-терговското работење и компаниите кои котираат на берза веќе имаат формални обврски за практикување на принципите на зелен одржлив развој и подготовка на соодветни годишни ESG/ESRS програми и извештаи за одржливост.

GREEN SKILLS HUB ги поддржува компаниите во регрутирање, обука и преквалификација на потребниот кадар со вештини согласно специфични барања за зелени работни позиции.
GREEN SKILLS HUB поддржува развој на иновативни производи, услуги и проекти за прилагодување и ублажување на климатските промени.
GREEN SKILLS HUB поддржува зелена верификација за препознатливост на компаниите од интернационални инвеститори и фондации за финансирање на одржливи развојни проекти, како и дигитална верификација на нивните производи и услуги за следливост во глобалните синџири и исполнување на стандардите за јаглероден отпечаток.

За поддршка, вмрежување и користење на услугите на GREEN SKILLS HUB контактирајте на info@sbch.org.mk и контакт телефоните.

--------------------------------------------------------------------------------------

GREEN SKILLS HUB, повикува учесници од вашата компанија на претстојниот семинар "Вентилација и климатизација - Оптимизација и мерки за енергетска ефикасност кај HVAC системи" , кој ќе се реализира на 3 февруари 2024 година. https://www.sbch.org.mk/content/ventilacija-i-klimatizacija
Семинарот е наменет за учесници задолжени за одржување на HVAC системи и претставува модул од обуката за Одржување на компресори, чилери и клима комори на GREEN SKILLS HUB воедно е дел од обука за Европски енергетски менаџери.

---------------------------------------------------------------------------------------

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk