Германски Технички Клуб / Deutsch Technische Club - работна сесија 4 февруари 2017

PREMIUM членките на Комората на Мал Бизнис кои имаат воспоставена деловна релација со компании и организации од Сојузна Република Германија се иницијатори и оснивачи на Германскиот Технички Клуб (ГТК).

Германски Технички Клуб Програми :
- Енергетика и Енергетска Ефикасност
- Интегрирање на Процеси и Автоматизација
- Информатичка Технологија
- Вмрежување, извозна поддршка и посредништво

Според Агендата на настанот координаторот на Германски Технички Клуб: Татјана Перовиќ Митрова, Шеф на одделение за економски прашања и туризам ја представи платформата на клубот за соработка и комуникација на компаниите, институциите и организациите. Следеше презентација за Имплементирање на Cloud технологија,поддршка на компаниите членки со комуникациските платформи на Комората на Мал Бизнис на Г-н Јане Антов, Chief Operation Officer на NeoCloud . Презентација на иновативни проекти и проекти на Г-н Петар Индовски, директор, ГОРД Системи Сервиси и Г-н Бранко Стојаноски, Rashtime Solutions. За проценка на бонитетот на постојните и потенцијалните соработници/партнери во Германија презентацијата: Меѓународни извештаи за бонитет на деловни партнери - ја реализира Г-н Александар Вучков од Македонско Кредитно Биро. Следеше доделување завршни сертификати од 3-та генерација Европски Енергетски Менаџери - EUREM од Г-н Митре Арсовски, EUREM Lead Trainer и на крај на настанот предавање - Согорување на цврста биомаса (пелети и дрвен chips) – избор на печка и котел од Г-н Александар Цветков – ЕУРЕМ Европски Енергетски Менаџер