Енергетски Менаџмент

Семинарот е воведен во обуката за Европски Енергетски Менаџери по програмата на Индустриската Стопанска Комора на Нинберг, Германија. Комплетната програма се однесува за административна поддршка и техничка опрема потребна за управување со енергијата во приватниот и јавниот сектор со поддршка на ЕУ шемите за финансирање на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија.

Инженерите во енергетиката (енергетски менаџери) ги применуваат своите вештини за зголемување на ефикасноста и понатамошно развивање на обновливи извори на енергија. Главната работа на енергетските инженери е да ги најдат најефикасните и одржливи начини за управување со објекти и производни процеси. Енергетските инженери (менаџери) ја ревидираат употребата на енергија во тие процеси и предлагаат начини за подобрување на системите. Ова значи сугерирање на напредно осветлување, подобра изолација, поефикасно греење и ладење на објектите.

ЕУРЕМ МК промотивно видео
https://youtu.be/yDwAI97oqxs

Обука ЕУРЕМ 2020
http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

Енергетски Менаџмент , 7 Декември 2019
http://www.sbch.org.mk/content/%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B5%D1%8...