Закон за Енергетска Ефикасност и Енергетски Менаџмент Системи (EnMS) - 16 Ноември 2019

Согласно Нацрт Законот за Енергетска Ефикасност предложен до Собранието на РСМ првите енергетски контроли во јавниот сектор и големите претпријатија согласно Законот ќе се реализираат до 30 јуни 2020 год. Согласно предложениот Закон предвидена е обврска за спроведување на енергетска контрола од страна на големите претпријатија на секои четири години и глоби доколку контролата не се реализира од овластено лице.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар „Закон за Енергетска Ефикасност и Енергетски Менаџмент Системи (EnMS)„ , кој ќе се организира на 16 Ноември 2019 г.

Енергетските Менаџери вршат супервизија за законски дефинираните национални таргети на заштеда на енергија и функционалност на енергетскиот менаџмент систем со енергетскиот аудит на секои 4 години и предлагаат соодветни мерки и одржливи технички проекти. Компаниите кои имаат воведен сертифициран Енергетски Менаџмент Систем (EnMS) енергетската контрола на секои четири години пропишана со Законот може да ја вршат со обучено лице-енергетски менаџер, вработено во компанијата. Енергетските Менаџери - овластени енергетски контролори на големите претпријатија можат да вршат енергетски контроли и како надворешно ангажирани експерти.

повеќе на линковите >>>

ЕУРЕМ 2020 - обука за Енергетски Менаџери
http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

Семинар Закон за Енергетска Ефикасност и Енергетски Менаџмент Системи (EnMS) https://www.sbch.org.mk/content/%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%B7%D0...