Изработка на инвестициски анализи и програми

Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка и Adria Finance HUB финансиската платформа на Комората на Мал бизнис за вашето претпријатие можат да изработат бизнис план за реконструирање и/или реструктуирање со подготовка на целосна документација за апликација за финансирање од Развојна Банка на РСМ, Фонд за Иновации и Технолошки Развој, програми за поддршка на Министерство за Економија и финансиски анализи за поддршка на тековните и нови профитабилни активности преку достапни финансиски инструменти.

Нашите тимови ја подготвуваат целосната документација за изработка на апликациите во краток рок. Ве поттикнуваме самостојно да ја подготвите Анализата на економската ефикасност на вашата инвестиција со наше менторство.

promo video- EU INVEST
https://youtu.be/UfXs0BwwSc4

Ве повикуваме за учество на дво-дневниот семинар: „Инвестициски Анализи во Excel„ Првиот дел од семинарот ќе се реализира on-line на 12 Јуни 2021 год. Семинарот под менторство на Г-н Владимир Матевски - раководител на „Центар за финансирање и менторска поддршка„ ќе се фокусира на анализа на економската ефикасност при подготовка на инвестициски програми.

Програмата на семинарот ќе им помогне на учесниците - претставници на деловниот и јавниот сектор кои имаат проектна идеја и документација за подготовка на проектен концепт соодветен за презентација пред заинтересираните инвеститори.

пријавување и информации на линкот >>> http://sbch.org.mk/content/%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1...