Изработка на инвестициски програми за технолошки развој

Комората на Мал Бизнис на членките им овозможува поддршка за подготовка на проектни концепти и програми за поддршка од инвестициски и донаторски фондови за „зелени„ инвестиции, дигитализација и модернизација на деловното работење.

Ги повикуваме членките за учество во тековните Twin Green & Digital програми:

1. Во соработка со проект „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали претпријатија“, поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, ви препорачуваме да се пријавите за употреба на алатки за проценка на сајбер безбедност и менторска поддршка за имплементација на мерките за намалување на сајбер ризиците на вашата компанија. Јавна презентација ќе се реализира во следните термини и градови:

29 Јули 2021 г. од 11.00 часот во Прилеп
10 Август 2021 г. од 11.00 часот во Тетово

Ве повикуваме да пријавите интерес за презентација на програмата на е-маил info@sbch.org.mk

2. Ве повикуваме за пријавување учество на BEYOND 4.0- дигитална технологија и иновации 14-16 Октомври 2021 во Солун, на иницијатива на Smart Digitalization Cluster https://www.youtube.com/watch?v=rTo8ncOhoXA во соработка со Германско-Грчката Индустриска Стопанска Комора (Deutch-Griechische Industri und Handelskammer). https://be4ond-expo.gr
Повик на линк >>> http://sbch.org.mk/povici/beyond-40-%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%D0%BD%D0%B0...

3. Видео презентација на софтверот SmartQA за управување со системите за контрола на квалитет ISO50001, ISO14001 и проектно администрирање.

https://youtu.be/O4gNG1xwOto

По ваше барање и согласно вашите интерни процедури по наведените стандарди може да подготвиме интерна презентација со примери на имплементирани процедури од вашата компанија. Контактирајте не на е-маил info@sbch.org.mk

4. Системите за греење, вентилација и климатизација (HVAC) сочинуваат приближно 35% од вкупната енергија потрошена во станбени и деловни згради. Проектите за оптимизација, мерки за заштеда и енергетска ефикасност на HVAC системите во деловниот и станбениот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан. Ве повикуваме за учество на on-line семинарот „Вентилација и Климатизација
оптимизација и мерки за енергетска ефикасност кај HVAC системи„ на 7 август 2021 г.
Програма на семинарот и пријавата се дадени на линкот >>> http://sbch.org.mk/content/ventilacija-i-klimatizacija

5. Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка и Adria Finance HUB финансиската платформа на Комората на Мал бизнис за вашето претпријатие можат да изработат бизнис план за реконструирање и/или реструктуирање и проекти за технолошки развој: дигитализација, зелени и циркуларни програми со подготовка на целосна документација за апликација за финансирање

Нашите тимови ја подготвуваат целосната документација за изработка на апликациите во краток рок.

Ги повивкуваме заинтересираните претпријатија од Северо-Источен. Западен и Југо-Западен регион на Македонија да пријават интерес за поддршка за изработка на енергетски-аудит и/или учество во обука за изработка на техничко решение за заштеда на енергија. Проектот е координиран од претставништвото на GIZ (The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit)

За поддршка може да се пријават претпријатија од сите сектори, мали и средни претпријатија кои се Standard или Premium членки на Комората на Мал Бизнис.

ПРИЈАВУВАЊЕ КОНЦЕПТИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

Ве повикуваме со допис на е-маил: info@sbch.org.mk да ни доставите информации за вашите проектни концепти за технолошки развој. Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077. Пристапница за зачленување во Комората е дадена на линкот >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_5.doc

Повик на линк >>> http://sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D...

Погледнете го краткото видео за Европската Грантова шема 2021: https://www.youtube.com/watch?v=UfXs0BwwSc4

Adria Finance HUB го комбинира менаџментот со ризичен капитал, достапните фондови, ESCO-инвеститори, EU и интернационални донори, државни шеми за субвенционирање, обуки, менторство и консултантство во интегрирана Платформа за трансформирање на знаењето во претприемнички управуван раст и развој. Повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/adria-finance-hub

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk