Инвестирање во одржливи проекти и циркуларна економија - ЕУ Инфо Центар, 17 Април 2019 г.

„Инвестирање во одржливи проекти и циркуларна економија„ промотивен настан се реализираше во ЕУ Инфо Центар - Скопје на 17 Април 2019 г. во организација на Стопанската Комора на Мал Бизнис и Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК, во соработка со Министерство за Економија - сектор за индустриски политики и Европска Делегација - Скопје.

Благодариме за активносто учество и поддршка на Г-ѓа Елизабета Георгиева, програмски менаџер од Европската Делегација, Г-ѓа Георгиева презентираше преглед на сите достапни фондови на кои може да аплицираат приватни и јавни субјекти од Северна Македонија.
Благодариме и на поддршката на Г-н Блерим Златку, раководител на сектор за развој на индустриски политики во Министерство за Економија, во организацијат ана настанот. Неговиот претставник Г-н Урим Кроси на настанот ги презентираше програмите на Министерство за ЕКономија за субвенционирање на субјекти од преработувачката индустрија во 2019 год.

Г-н Дарко Спировски - инструктор во ЕУРЕМ обуката презентираше проектни концепти со имплементација на уреди за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија пред претставници на ПроКредит Банка и Силк Роад Банка кои ги коментираат проектите и предложија начин на финансирање со нивните финансиски продукти.

Голем интерес во публиката предизвика презентацијата на Skopje Smart City концептот на ЕУРЕМ МК, подготвен од Г-ѓа Емилија Софеска кој ќе се презентира на претстојната Future Smart Cities конференција 5-7 Ноември 2019 во Куала Лумпур, Малезија.

Комората на Мал Бизнис изработува проектна документација со експертиза на Програмата SGS 2019 преку субвенционирана постапка на Министерство за Економија и донаторски шеми вмрежени во Adria Finance HUB - платформа за поддршка на инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на развојни проекти https://www.sbch.org.mk/novosti/adria-finance-hub

„Инвестирање во одржливи проекти и циркуларна економија„ - линк до веб страна:
https://www.sbch.org.mk/content/%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%...