Обука за Eco-En Cert верификатори реализирана на 28 Мај 2022 г.

Во рамки на проектот Consumers4Sustainability ќе се воспостави сертификациона шема Eco-En Cert за енергетска ефикасност и животна средина со проценка од трета страна на деловните практики на организациите кои се однесуваат на заштеда на енергија, екологија и одржливост.

Eco-En Cert Верификатори се овластени претставници делегирани од Комората на мал бизнис да воведуваат Eco-En Cert шема за сертификација во организации Екстерни Eco-En Cert Верификатори ја вршат проценката самостојно или со поддршка на овластени интерни Eco-En Cert верификатори на организацијата која се сертифицира.

На 28 Мај 2022 г. се реализираше обука на 20 Eco-En Cert верификатори кои во наредниот период ќе започнат со сертификација на заинтересирани компании и организации кои сакаат да бидат препознаени како зелени општествено одговорни субјекти во ЕУ деловниот пазар и проекти.

Инструктор на обуката беше Д-р Ристо Иванов кој воедно пренесе искуства од методологијата на веќе воспоставени сертификати за општествена одговорност и крижа за потрошувачите и во текот на обуката менторираше групна работа на учесниците за успешно верификување на Eco-En Cert во компаниите: Алкалоид АД, Костал Македонија, Вардар Доломит и РЕК Битола.