ОДРЖАН ФОРУМ НА ТЕМА: „ПАТОКАЗ ЗА ЕКОЛОШКИ ЧИСТА, КАРБОН НЕУТРАЛНА, ОДРЖЛИВА ОПШТИНА И РЕГИОН“

Во организација на Општина Битола и во соработка со Стопанската Комора на Мал Бизнис во координација со одговорна група за енергетка ефикасност при РЕК Битола, на 28 Ноември 2019 г. се одржа Форумот “Патоказ за еколошки чиста, карбон неутрална, одржлива општина и регион”. Во почетниот дел на форумот на присутните им се обрати градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, која зборуваше за заложбите на локалната самоуправа во правец на енергетската ефикасност, наведувајќи повеќе примери и проекти во оваа насока на кои во моментот се работи.

На форум беше истакнато дека употребата на енергија е еден од најголемите извори на стакленички гасови кои се емитираат од општински активности, и предизвикува значителни трошоци за буџетот на општините. Со фокусирање на проекти внатре во општините може се зголеми ефикасноста на употреба на енергијата и употреба на обновливи извори на енергија, што ќе доведе до намалување на оперативни трошоци, а, исто така, ќе се постави пример во заедницата за одржлив развој.
http://www.bitola.gov.mk/%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%BD-%D1%84%D0%...

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојните дво-дневни семинари:

1. ISO/IEC 50001:2018 стандард за Енергетски менаџмент системи (EnMS)

https://www.sbch.org.mk/content/isoiec-500012018-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B...

2. Модели за финансирање и управување со енергијата, 7 и 21 Декември 2019

http://www.sbch.org.mk/content/%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B8-%D0%...