ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА 2018

Г-н Петар Индовски и Г-н Марјан Ненов членови на Управен Одбор на ЕУРЕМ МК - здружение на енергетски менаџери во Комората на Мал Бизнис се добитници на награди доделени од Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија.

26 април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија го одбележа со свечената манифестација “Патент на годината - 2018“. На манифестацијата беа присутни понајдувачи, застапници и други претставници кои се директно или индиректно вклучени во процесот на заштита со правата од интелектуална сопственост.

Традиционалнта награда “Патент на годината - 2018“, беше доделена на пронајдувачот Петар Индовски, за пронајдокот “СОНДА ЗА МЕРЕЊЕ НА ВРЕМЕТО НА ПРОДОР НА ВОДА НИЗ ПОЧВАТА И ВЕРТИКАЛЕН ПРОФИЛ НА ВЛАЖНОСТА”. Исто така на настанот на Марјан Ненов му беше врачена наградата за иновацијата ECo Sun Central која ја доби на саемот на иновации и иновативни технологии АРХИМЕД 2019 одржан во Москва

Наградите ги додели заменик-директорот на Заводот Горан Герасимовски, на присутните гости, им се обрати и ги изнесе најновите активности во областа на индустриска сопственост како и укажа на идните активности кои ќе се превземат за подобрување на работата на Заводот како и активностите кои што Заводот ќе ги превземе со цел да се подигне јавната свест за значењето и придобивките на правата од индустриска сопственост.