„Силата на малите“ - Одбележување на денот на микро, мали и средни претпријатија во Europe House

На 30 Јуни 2021 во име на Комората на Мал Бизнис Г-н Едвард Софески говореше на панел дискусијата „Силата на малите“ организирана од Europe House - Крива Паланка. Се говореше за значењето на малите бизниси за економскиот раззвој на државата, потенцијалите на малиот бизнис за младите во малите и рурални средини за креирање работни места и профит. Невообичаено усогласени беа ставовите на сите учесници и заедничката порака кон младите во секоја прилика да го надополнуваат своето знаење и вештини преку неформални обуки и пракса со цел стекнување конкурентни квалификации на пазарот на труд и стекнување претпиемачки способности.
https://www.facebook.com/EuropeHouseSkopje/posts/4352639744797989