ESCO SUN - СОЛАРНИ СИСТЕМИ

Целта на настанот ESCO SUN - СОЛАРНИ СИСТЕМИ на 20 Март 2021 г. е зголемување на капацитетите на претпријатијата кои се занимаваат со производство, продажба, одржување и монтажа на соларни, термални,гео-термални и фотоволтаични системи за подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето кое е услов за пристап до државни субвенции и соодветните фондови.
Програма на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/content/%D1%81%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B...

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ

- Тековен повик на Министерство за Економија за субвенционирање на 50% од трошоците за набавка и инсталација на фотоволтаични панели за сопствени потреби - повикот е даден на линкот >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/javen%20povik%2C%20fotovoltaici%2...
- Со програмите на EBRD може да се поддржат проекти со донација од 50% од вредноста на проектот (донацијата е лимитирана на max.10.000 EUR)
- Со програмите на Развојна Банка на РСМ (МБПР) директно се поддржуваат проектите финансирани од IPA фондовите, проекти од агробизнисот и проекти за енергетска ефикасност.
- Со програмата на Adria Finance HUB се поддржува изработката на проектна документација и финансирање на проектите со ESCO методот
- Со Програмата Енергетска ефикасност во јавниот сектор на Светска Банка се поддржуваат проекти со донација 20% и поволни кредитни услови
- Со грантова шема на ЕУ Делегација поддршка на проекти 30% грант

Пријавување учество на семинарот се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20Solarni%20Sistemi.doc која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Настанот ќе се реализира on-line преку Skype платформата.

ESCO SUN - Social Enterprise
PEOPLE – PROFIT - PLANET

Mission:
To build the capacity of communities to create sustainable green projects with an environmental impact in the local environment and a positive impact on climate change through reduced carbon emissions.

Vision:
Implementing a sustainable model for financing green projects in the public sector, local self-government and communities

ОТВОРЕН ПОВИК
http://www.sbch.org.mk/povici/esco-sun-2020