FINPACT - инвестирање кое генерира финансиски принос и позитивно социјално влијание

Комората преку Програмата за претприемништво и социјален импакт во соработка со Protector програмата на Winner Life ги повикува заинтересираните поединци, организации и компании за учество на едно-дневен семинар на 20 Август 2022 год. во Скопје за примена на иновативни методи за инвестирање кое генерира финансиски принос и мерливо, позитивно социјално влијание.

ТРАНСОФРМАЦИЈА НА ЛИЧЕН КАПАЦИТЕТ ЗА ФИНАНСИСКИ ПРИНОС И СОЦИЈАЛЕН ИМПАКТ

За поддршка на претприемништвото Комората развива мрежи на соработка со граѓанските организации, локалните заедници , организации, фондови и фондации за поддршка на социјален импакт, претприемништвото и развој на претприемачки вештини кај младите, поддршка на финансиската писменост на граѓаните во новата нормалност на дигитализација , поддршка на зелената општествена одговорност и позитивни еколошки практики во заедниците со блиска соработка на компаниите, граѓаните и организациите. Повеќе на линк >>> sbch.org.mk/programi/претприемништво-и-социјален-импакт

PROMO VIDEO
Трансформација на личен капацитет
https://www.youtube.com/watch?v=pz8ReKYBt74&t=9s

На семинарот на 20 Август 2022 год. учесниците ќе имаат можност да се вклучат во мрежа на соработници кои им овозможуваат на граѓаните социјално одговорни практики за обезбедување дополнителна финансиска поддршка на стандардните програми за социјална и здравствена заштита на вработените, а особено на граѓаните во неформалниот сектор кои немаат пристап до државните програми за поддршка.

Учесниците по завршувањето на семинарот ќе можат да бидат ангажирани во деловни активности на Protector програмата и да се вмрежат во FINPACT мрежата на Комората. Повеќе на линк >>> https://winnerlife.mk/proizvodi/protektor/

Котизацијата за учество на семинарот претставува воедно и годишна чланарина во Комората на мал бизнис. За пријавување испратете ни ја на e-mail адресата info@sbch.org.mk пополнета пријaвата дадена на линкот >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20Finpact%2C%2...

ЗАБЕЛЕШКА:

Учесниците на FINPACT семинарот ќе добијат попуст за учество на претстојната обука за Практично Сметководство во септември 2022 г. и котизацијата за учество на семинарот FINPACT ќе се одземе од цената за обуката за сметководство.

програма и пријава за обуката Практично Сметководство на линк >>>
http://www.sbch.org.mk/content/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%8...

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk