Заштита на личните податоци во процесот на барање работа [07.04.2022, 15 часот, ZOOM платформа]

Фондација Метаморфозис со задоволство ги поканува членките на Комората на мал бизнис на шестиот „Разговор за приватност“ кој ќе биде на тема „Заштита на личните податоци во процесот на барање работа“. Оваа средба ќе се одржи во четврток, на 7-ми април, во периодот од 15 до 16 и 30 часот на ZOOM платформата.

Говорник на шестиот „Разговор за приватност“ ќе биде Арбен Гудачи, експерт за заштита на лични податоци, а учесниците ќе имаат можност да добијат одговори на следните прашања:

Како работодавачите треба да постапуваат со податоците на кандидатите содржани во апликациите за работа?
Во кој рок и за која цел работодавачите можат да ги чуваат податоците на кандидатите чии апликации не биле прифатени?
Што можат да направат кандидатите доколку мислат дека нивните лични податоци се неовластено чувани, обработувани или споделувани?
Во рамки на средбата, ќе се обезбеди и простор за дискусија и размена на ставови и практични искуства со заштитата на лични податоци во процесите на барање работа.

Сите кои сакаат да се вклучат на средбата, треба го пополнат формуларот за пријавување достапен на овој линк https://forms.office.com/r/CPPCazpp21 најдоцна до 06.04.2022. Регистрираните учесници ќе добијат линк за вклучување на средбата на е-маил адресата наведена во формуларот.

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk