Повик на програма за поддршка на конкурентност и општествена одговорност 2023

Програмата за поддршка на конкурентност на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2023 година со буџет од 1.000.000,00 денари е објавена од Министерството за Економија.
На јавниот повик може да се пријават деловни субјекти кои се стекнале со сертификат/ресертифицирале за систем за оценување на зелени општествено одговорни и одржливи деловни практики на компании и организации согласно сертификатот Eco-En Cert во текот на 2022 и 2023 година.

Министерството за Економија ќе ги надомести трошоците за стекнување на сертификатот / ресертификација на систем за оценување на зелени општествено одговорни набавки, производи, услуги, проекти и деловнипрактики за заштеда на енергија, екологија и одржливост, согласно сертификатот Eco-En Cert во висина од 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 30.000,00 денари од барател на средствата. Надоместени ќе бидат само докажаните трошоци за сертификација / ресертификација настанати во 2022 и 2023 година.

Јавен повик 2023 - линк >>> https://www.economy.gov.mk/content/documents/Oglasi/delovni%20subjekti/%...

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

DIGITAL GREEN MARKETING
заедно со GREENITY.NET
и ESG системите за зелена општествена одговорност

воспоставуваат дигитални маркетинг и продажни системи во компаниите и организациите кои имаат воспоставени системи за зелена општествена одговорност, поддржуваат општествено одговорни проекти и деловни практики, продаваат и/или произведуваат социјално одговорни производи или услуги.

Дигиталните решенија за маркетинг и социјални продажни системи - DIGITAL GREEN MARKETING се реализира со поддршка на blockchain технологија и crowdfunding платформа со токенизирана сопственост.

GREENITY.NET е зелена заедница фокусирана на политики и проекти кои даваат приоритет на зелената / сината инфраструктура, зелената енергија, зелениот транспорт, зелено Eco-En сертифицирање, токенизација на зелени проекти и активизам и оджлив развој.

GREENITY.NET
Green Community Network
http://www.sbch.org.mk/platformi/greenitynet

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ESG sustainable reporting - Eco-En Cert
http://www.sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

Eco-En Cert е рејтинг систем за оценување на зелени општествено одговорни проекти и деловни практики. Се реализира како надворешна ESG (Environmental, Social и Governance) сертификациска рамка за социјално одговорен организациски менаџмент и управување со животната средина.

Барање за Eco-En Cert сертификација - линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Baranje%20za%20sertifikacija%...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Компаниите кои воведуваат Eco-En Cert и практикуваат ESG (Environmental, Social и Governance) сертифицирани деловни практики ги повикуваме за соработка со GREENITY.NET и воспоставување дигитални маркетинг и продажни системи - DIGITAL GREEN MARKETING.

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk