Green & Digital управување со енергијата во компаниите

Компаниите кои користат обновливи извори на енергија за сопствени потреби и имаат вишоци на произведена електрична/топлинска енергија можат ефикасно да управуваат со енергијата и да си овозможат 30-40% дополнителни заштеди во енергетските трошоци со организирање на енергетски менаџмент за планирање и работа на единиците за производство и потрошувачка на енергија како и дистрибуција и складирање на енергија.

За ефикасно управување со енергијата и дополнителни 30-40% заштеди компаниите мора да имаат воспоставен менаџмент систем за:

1 Управување со објектот (Facility management)
2 Логистика.
3 Набавка/продажба на енергија.
4 Производство.
5 Планирање и контрола на производството.
6 Одржување.
7 Управување со енергетски инвестиции.

Green & Digital програмата на Комората http://www.sbch.org.mk/programi/twin-green-digital овозможува поддршка на компаниите за управување со енергетските ризици и ефикасноста на производство/потрошувачка на енергија и еколошка одржливост:

- EUREM - обука за енергетски менаџери - конкурс за EUREM обука 2022/2023 на линк >>> http://www.sbch.org.mk/novosti/%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D1%83%D1%81-%D0%...

- EUREM Alumni - 75 сертифицирани ЕУРЕМ енергетски менаџери за проектни тимови како поддршка на енергетски инвестиции во компаниите во МК + дополнителни над 4.000 енергетски менаџери во над 40 земји за проекти во регионот и други земји - повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/eurem-mk

- ESCO - претставува претпријатие специјализирано за енергетски услуги, особено за решенија за енергетска заштеда на своите клиенти. Тоа е outsourcing модел за компаниите кои неможат самоатојно да воспостават енергетски менаџмент, а веќе произведуваат енергија од обновливи извори или компании кои сеуште немаат сериозни инвестиции за управување и заштеда на енергијата - повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/povici/esco-sun-2020

- Eco-En Cert - сертифицирање зелени социјално одговорни проекти и одржлива деловна практика на компаниите и организациите - инструмент за привлекување на зелени инвеститори и фондови во компаниите - повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

CATALYST - EU проект за поддршка на дигиталната и зелена трансформација на организациите - партнерство со институти од Германија, Австрија, Португалија, Грција и Македонија. Пополнете го прашалникот до 15 Ноември 2022 г. и евидентирајте го вашето учество во проектот Catalyst 2022-2026 на линкот >>>
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScEwovI4msXWeakFJv7FPxMCEK9L-HX...

Catalyst промотивен настан на 30 Ноември 2022 г.
http://www.sbch.org.mk/content/catalyst-round-tables-skopje-berlin-graz-...

Контактирајте не за поддршка од наведените програми на info@sbch.org.mk - предлагаме состанок во вашата компанија за да ги утврдиме темите и потребите за поддршка на вашата компанија.

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk