Smart Digitalization & Beyond 4.0 (14-16 Октомври 2021 г.)

BEYOND 4.0 е првата меѓународна платформа за дигитална технологија и иновации во Југоисточна Европа, Медитеранот и регионот MENA (Middle East and North Africa)

Ве повикуваме за пријавување учество на BEYOND 4.0- дигитална технологија и иновации на иницијатива на SMART DIGITALIZATION CLUSTER во соработка со Германско-Грчката Индустриска Стопанска Комора (Deutch-Griechische Industri und Handelskammer).

Matchmaking event, B2B состаноци и вмрежување ќе се реализираат во рамките на Технолошкиот форум 2021 како дел од програмата на BEYOND 4.0 .
Технолошкиот форум 2021 има за цел да промовира деловни, технолошки и истражувачки партнерства со кои ќе се обедини ICT заедницатa од Грција, земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Иновативни компании, универзитети, истражувачки центри и други организации активни во ICT секторот се поканети да ја прошират својата мрежа, да истражуваат нови идеи и да развиваат потенцијал за соработка со on-line платформа на претходно договорени состаноци.

повик за пријавување учество до 30 Јули 20201 г. на линкот >>>
http://www.sbch.org.mk/povici/beyond-40-%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%D0%BD%D...

Smart Digitalization - е иницијатива за „паметна„ дигитализација која ќе води кон социјална дигитална трансформација.

SMART DIGITALIZATION CLUSTER
http://www.sbch.org.mk/platformi/smart-digitalization-cluster