Промоција на поддршка за подготовка на зелени и циркуларни бизнис модели и проекти

Повикуваме претставници на малите и средни компании да учествуваат на настанот „Зелено и одржливо финансирање„ / „Green and sustainable finance„ на 15 Мај 2024 г. (среда) https://www.sbch.org.mk/content/green-and-sustainable-finance и на следните 6 работилници за поддршка на зелени и циркуларни бизниси во организација на EU4EG проектот на ГИЗ. Ќе можете да презентирате идеи и концепти за зелени и циркуларни инвестиции кои ги планирате - со помош на проектот ќе може вашите идеи да претворите во бизнис планови/модели и да побарате финансирање со тековните грантови програми.

На 15 Мај 2024 год (среда) од 12.30 часот во SEEUTechPark, Тетово ќе се одржи промоција на проектот пред претставници на мали и средни претпријатија, финансиски организации, банки и донаторски организации кои ќе понудат програми за финансирање на зелени и циркуларни бизниси.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Ве молиме формално да пријавите ваш претставник на 15 Мај 2024 со пополнување на формуларот даден на линкот >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Green%20Commun... или формално најавете учесник на e-mail info@sbch.org.mk , или со порака на Vinber или WhatsApp 070 223 686

EU4EG ПРОЕКТ

EU4EG проектот на ГИЗ ко-финансира консалтинг услуги за мали и средни претпријатија реализирани преку Business Support Organizations вклучени во проектот. Проектот започнува во април 2024 , а поддржаните активности се реализираат до ноември 2024 година.

EU4EG ќе реализира 6 работилници кои ќе се одржат во Куманово, Тетово, Охрид,Струга и Ресен од крајот на мај до крајот на јуни 2024 на кои со поддршка на експерти на EU4EG Academy и Eco-En Code Academy учесниците - мали и средни претпријатија ќе креираат проектни концепти и бизнис модели за зелени и циркуларни инвестиции.

Зелени и циркуларни организации - Агенда 30 мај - 14 јуни 2024 >>>
https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/EU4EG_Agenda_DEVELOPING%20GR...

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entreprenurship Chamber - business sucess network

тел. +389 2 244 8077,
+ 389 70 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk